Производи и услуги
Килими – рачна изработка
Постојат големи двоумења во дефинирањето на основната разлика меѓу теписите и килимите. Постојат неколку различни објаснувања и тоа:
1. Килимите кои се рачно изработени се скоро секогаш од волна, а понекогаш содржат памук кој се користи за белите нијанси на килимот.
2. Килимите за разлика од теписите не се изработуваат на готови скици туку дезенот и боите многу зависат од расположението на мајсторот кој ги ткае.
3. За разлика од теписите, килимите се изработуваат со техника на рамно ткаење со две групи на волнени конци; првата, вертикална и втората група, хоризонтално поставена.
Персеполис ви нуди најразлични рачно изработени килими за вашиот дом.
